РФМ најави ждрепка за Плеј оф и Плеј аут

Утре на пладне, екипите од македонската Супер лига ќе го дознаат возниот ред за пролетниот дел од сезоната. 



Екипите од машкиот шампионат, утре, на пладне ќе дознаат по кој распоред ќе играат во пролетниот дел од првенството. 
Шеснаесетте екипи според резултатите од првиот дел ќе бидат поделени во Плеј оф и Плеј аут групи и соодветно пренесуваат бодови. Првите четири тима од Плеј оф ќе обзбедат учесто во Европски куп. 
Последните два тима од Плеј аут испаѓаат од Лигата, додека шестопласирниот ќе игра бараж за опстанок со третопласираниот од Прва лига. 

Во плеј од по три бода пренесуваат Вардар и Е. Пелистер, по два бода пренесуваат Алкалоид и Т. Пролет, по еден бод екипите на Бутел Скопје и Е. Пелистер 2, а без бодови почнуваат Охрид и ГРК Тиквеш. 

Во Плеј аут, по три бода пренесуваат Струга и Голден Арт, по два екипите на Прилеп и Скопје 2020, по еден бод Радовиш и Куманово, а без бодови се Вардар Неготино и Јуниор Кисела Вода. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk