СЕХА лига, сезонава со осум екипи

СЕХА Гаспром лига, без додавка Југ како што беше неофицијално најавено откако се формираше руско-белоруската СЕХА Гаспром Исток денеска информираше за системот на натпреварување за претстојната 12 сезона. 



СЕХА Гаспром годинава ќе брои осум екипи, а тие ќе бидат поделени во две групи. Во групите ќе има по три екипи. Екипите на Веспрем (шампион) и ППД Загреб (вице-шампион) ќе се вклучат во натпреварувањето во 1/4 финалето. Сите екипи ќе играат 1/4 финале, елиминации. 

Претходно, по групи ќе играат следниве тимови:

ГРУПА „А“ -  (Веспрем), Е. Пелистер, Нексе и Војводина
ГРУПА „Б“ -  (ППД Загреб), Вардар, Татран и Партизан. 

Распоредот на натпревари ќе биде објавен следниве денови. 

Од актуелната СЕХА централа, нема најава дека победникот или финалистите од СЕХА Гаспром би играле натпревар или Фајнал фор турнир со победникот или двата најдобри тима од СЕХА Исток. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk