Ѓер изненади, одбра дански тренер

Унгарскиот Ѓер, неофицијалниот домаќин на Фајнал фор турнирот во ЛШ во женска конкуренција, одбра наследник на Мартин Амборс. 



Во исчекување Оле Густав Гјекстад,  норвешкиот тренер на двократниот европски првак Вајперс Кристијансанд да биде претставен како нов тренер на Ѓер, стигна поинаква информација. 

Данскиот клуб Одензе објави дека на лето се разделува со својот тренер Улрик Киркели затоа што тој се договорил и преминува на клупата на унгарскиот клуб Ѓер. 
Данецот Улрик Киркели, поранешен селектор на женската репрезентација на Јапонија воопшто и не беше спомнуван како кандидат за клупата на Ѓер, но... 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk