Барса го освои „Иберика“, Митревски и Порто - „сребрени“

Барса е првиот победник на заедничкиот Супер Куп што годинава почнаа да го организираат Шпанија и Португалија. 



Барса и Гранољерс од Шпанија, Порто и Спортинг од Португалија беа четирите учесници на историскиот прв Супер Куп Иберика, заеднички турнир на Шпанија и Португалија.

Барса во полуфиналето тесно го совлада Спортинг, додека Порто му даде дури 46 гола на Гранољерс за пласман во финалето. 
Во мечот за трето место, Гранољерс на пенали славеше над Спортинг, додека Барса беше многу посигурна во финалето, особено во последната 1/4 од натпреварот кога разликата од два гола (17-15), ја претвори во убедлива победа од 31-24. 

Македонскиот репрезентативец Никола Митревски кој брани за Порто настапи на првиот меч, а во финалето предноста ја доби неговиот колега Франдсен и тој беше на голот 60 минути. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk