Почнува акцијата СП: Лазаров прозива утре

Мундијалската акција почнува утре со последната фаза од подготовките на македонската репрезентација.




Подготовките за настапот на македонската репрезентација на мундијалот во Полска почнуваат утре. Кирил Лазаров објави список од 23 играчи, селектирани од поширокиот на кој има 35. Овие селектирани играчи утре ќе се појават на собир во Скопје и веднаш ќе ги почнат подготовките што ќе се одвиваат на Маврово во првиот дел.  Таму ќе играат две контролни средби со Црна Гора, а потоа се враќаат во Скопје. 

Финалниот список ќе биде соопштен „догодина“, дали пред заминувањето за Хрватска (4 јануари) каде што ќе играат два меча или откако ќе се вратат, ќе видиме. 
На крајот на денот, од 23 ракометари 16 ќе бидат во првиот ростер, со тоа што за време на СП ќе бидат дозволени пет замени, освен ако не се повтори некоја од несаканите слики со Ковид. 

Кирил Лазаров подготвува и спроведува комплетна промена на генерациите, а тоа е процес што е влезен во напредна фаза и веќе нема назад. Паралелно (ќе) се подготвува и кадетската репрезентација од каде што треба да се пополнува репрезентативната база. 

Македонија на својот прв мундијалски настап без дел од ѕвездите без кои беше незамислив составот досега немаше ни среќа во ждрепката и вообичаено лесната мундијалска група се претвори во најсилната група затоа што вајлд карта влезе европска земја, Холандија. 
Во дадениот момент на хартија сите се фаворити во однос на нашиот тим, но има доволно потенцијал во нашиот тим за да можеме да се надеваме и реални шанси да се бориме и за пласман во Главната рунда. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk