Две нули за три дена за Раул и ПСЖ

Тешка е оваа недела за клубот што има највисок буџет во ракометениот свет со години наназад - Пари Сен Жермен. 



Пари Сен Жермен беше поразен пред своите гледачи пред четири дена од германскиот шампион Магдебург во натпревар од Лигата на шампионите. Ништо страшно за момците на Раул Гонзалез, остануваат на првото место во групата, но сега и во домашниот шампионат, само три дена подоцна беа поразени од Монпеље.

Поразот од Монпеље кој настапи без повредените Скубе, Конан, Бос, Деска и со ровитиот Симонет е нешто што треба да го активира алармот во „Пјер де Кубертен“. 
По ова тежина добива и поразот што ПСЖ го запиша од Тулуз на крајот на септември, па сега има два бода помалку од Монпеље, а во следното коло, за три дена, гостува кај Нант. 
Нант исто како и ПСЖ има два пораза, но и натпревар помалку. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk