Вардар и Струга први низ целта

Со денешниот меч меѓу Струга и Вардар почна последното 14 коло од есенскиот дел на македонската Супер лига. Вардар триумфираше на овој меч и со скор од 14-14 се пласираше во Плеј оф шампионатот со пренесени три бода.



Вардар славеше на гостински терен во Струга (34-23). Манасков, Моралес, Чувара и Талески постигнаа по пет погодоци за победничкиот тим, Никола Цветаноски постигна осум гола за Струга. 

Со овој меч заврши полусезоната за Струга и Вардар. И двата тима ќе стартуваат како лидери во продолжението на првенството. 
Вардар ќе биде лидер во Плеј оф првенството со три бода колку што ќе има и Е. Пелистер, а Струга ќе биде лидер и ќе стартува со три бода во Плеј аут првенството, колку што ќе пренесе и екипата на Голден Арт. 

Вардар полусезоната ја заврши со максимални 14 победи, но вистинското во домашниот шампионат допрва почнува. 
Плеј оф е местото каде што сите екипи се потенцијално опасни. Паузата меѓу регуларниот дел и Плеј оф ќе донесе и играчки измени. Веќе се најавени во Вардар како можни предвремени доаѓања Аларов и Јагуриноски, иако засега нема помрднување на фигурите на таа табла. 
Но, најавени се и нови имиња во Битола, еден од двајца нови играчи треба да има во Е. Пелистер и тоа ќе го направи првенството мошне интересно. 

Струга од друга страна, доколку остане со истиот играчки состав извесно ќе безбеди опстанок во првенството. Сигурно ќе има интересни дуели во следната фаза и повеќе можности за радост на домашната публика отколку што тоа беше во регуларниот дел. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk