Е. Пелистер и Бидасоа поделија бодови во Битола

Е. ПЕЛИСТЕР - БИДАСОА 29-29 (17-16)
Пелистер: Кизиќ ( 4 одб), Лесјак,  Хосни 8, Танкоски 7, Хенеберг 4, Ојлески 2, Костески 2, Радовиќ 1, Васиљев 3, Пешевски 2, Маџовски, Кузманоски, Стоилевски, Дејвис 




Многу поразличен беше односот на силите и резултатскиот тек на натпреварот на вечерашниот меч меѓу Е. Пелистер и шпанската Бидасоа во однос на средбата од минатата недела која лесно ја добија Шпанците. 

Битолскиот состав беше подисциплиниран, играше помирно и не им дозволуваше на гостите да ја развијат својата игра и да казнуваат од контра напади. 
За жал тоа битолчани не успеаја да го материјализираат, иако имаа контрола врз резултатот и предводени од Хосни (8 гола) и Танкоски (7) успеаја на полувреме да заминат со гол плус. 




Работите не изгледаа добро за македонскиот тим на десетина минути до крајот кога шпанскиот тим поведе со 26-23. 
Следеше одличен период комплетно враќање во игра на Е. Пелистер и израмнување на 26-26. Во овој период се повреди Осама Хосни и за кратко го напушти теренот.
Танкоски израмни на 27-27, а имаа шанса битолчани и за водство, но не ја искористија. Поведе Бидасоа од контра напад преку Саизар. 
Хосни се врати во игра, комбинираа со Танкоски и изнудија трето исклучување на Тесорие. Долгата акција не заврши со гол, а потоа Бидасоа преку Нието погоди за 29-27.

Е. Пелистер со цепелин гол преку Ојлески намали на 28-29 во последната минута. Промашија Шпанците, а Танкоски погоди за 29-29. 
Следеше тајм аут за Шпанцие.

На табелата е прв Берлин 12 бода (6-0-0), второто место е за Скандерборг 8 (4-0-2), трета е Бидасоа 7 (3-1-2), следи Пелистер 5 (2-1-3), петти е  Мотор 3 (1-1-4) и на дното Акваш Санташ 1 бод. (0-1-5)

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk