Монпеље без повредените Симонет и Скубе

Најголемиот аргентински ас во моментов, Диего Симонет е повреден и нема да настапи вечерва на дуелот меѓу екипите на Монпеље и Бенфика од Европската лига. 




Диего Симонет, плејмејкерот на Монпеље и на репрезентацијата на Аргентина со која ќе играме за околу еден месец е повреден и нема да настапи на вечерашниот дуел меѓу екипите на Монпеље и Бенфика од Европската лига. 

Симонет има повреда на листот на ногата и затоа е вон строј, колку долго ќе биде надвор од терен е непознато, но и покрај неговата ранлива конституција, веројатно брзо ќе биде доведен во ред. 

Монпеље нема да може да смета и на поранешниот вардаров ракометар Сташ Скубе. Тој се рехабилитира, не е 100% фит и Французите нема да сметаат на него вечерва. 
Што се однесува до мундијалот во Полска и Шведска, Словенците нема за што да се вознемируваат, Сташ Скубе и така не е на скратениот список на играчи за мундијалот. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk