Не одигра ни два месеца, а доби нов договор

Данскиот бек Матијас Гидсел и бундеслигашот Фуксе Берлин се договорија за продолжување на соработката до 2028 година. 



Данецот Матијас Гидсел во Берлин дојде на почетокот на сезоната и потпиша двегодишен договор со кој беше обврзан до јуни 2024 да настапува за овој германски клуб.
Не одигра ни два месеца, се повреди кон средината на октомври и се уште не е вратен на терен со оглед на тоа дека паузата е предвидено да трае 10 недели или два и пол месеца. 

Но, додека трае(ше) процесот на рехабилтација се водеа и нови преговори и денеска Берлин и Гидсел објавија дека потпишале нов четиригодишен договор со кој Данецот останува во германскиот клуб до 2028 година. 



 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk