„Бадијала“ Њокас, Остроушко, Вебер, Граџан...

Грчкиот Олимпијакос екипа за која играат познати европски имиња како Оливие Њокас, Роберт Вебер, Владислав Остроушко, Томас Бауер, па и Елмир Граџан, Хуан Монторо е елиминиран од Европскиот Куп. 



Олимпијакос и покрај цела постава интернационалци и познати имиња е елиминиран од Европскиот Куп. Швајцарскиот Вакер Тун во два наврата го совлада Олимпијакос во третото коло. 
Прво на домашен терен славеа Швајцарците со тенка разлика (24-22), а потоа како гости среде Атина победија 24-19 и се пласираа меѓу 16-те најдобри во ова натпреварување. 

И за да биде комплетна сликата од реваншот, меѓу сите познати имиња што ги наборивме од составот на црвено-белите од Атина, најефикасен играч беше српскиот десен бек Саво Славуљица. 

За разлика од Олимпијакос, нивниот градски ривал, АЕК, пред денешниот реванш со Алингсас во Шведска, има сосема солидни пет гола залиха (32-27) обезбедени во најголем дел благодарение на одличната партија на Стипе Мандалиниќ (11 гола) на првиот меч. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk