Костески ефикасен, но Плзен разочара

Македонскиот интернационалец Никола Костески беше најефикасниот играч на чешкиот тим Плзењ на првиот меч од третото коло од Европскиот Куп во машка конкуренција. 



Македонскиот интернационалец Никола Костески си го оправда реномето, постигна шест погодоци и беше најдобриот стрелец на својата екипа, Талент Плзењ на првиот натпревар од третото коло од ЕХФ Куп. 

За чешкиот тим за кој настапува македонскиот ракометар искрено имавме повисоко мислење пред овој меч. Тие прифатија двете средби да ги играат во Израел, против Рамат Хашрон, а веќе на првиот беа поразени со 11 гола разлика (28-39) и доколку не успеат вечерва да изведат чудо, ќе бидат елиминирани. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk