Останува ли Ѓ. Петров во прв шешир во ЕХФ Куп

Македонскиот претставник во женкиот ЕХФ Европски Куп е на прагот да се пласира во 1/8 финалето на натпреварувањето, а победата над австрискиот Јагс од 19 гола на првиот меч е многу силна гаранција дека ќе биде така. 



Рангирањето во ЕХФ Куп каде што нема (многу) звучни имиња и каде разликата во квалитетот е очигледна што имавме можност да го видиме презентирано од австрискиот Јагс, вчера во во Скопје, може да игра клучна улога во следното коло во кое со сигурност ќе го видиме и македонскиот шампион. 

Македонија во овој Куп е рангирана на 12 место, што значи дека за 1/8 финалето, кога во игра ќе останат само 16 екипи, Ѓорче Петров требаше да биде во вториот шешир и да добие посилен противник. 

Но, во второто и третото коло испаднаа екипите на Галичанка од Украина, пред тоа на холандскиот Венло, а потоа и ПАОК, додека извесно е дека и Валур од Исланд ќе испадне ја менуваат сликата. Валур игра два меча во Шпанија, против Елче, а на првиот загуби со 25-30. 

Ако се оди по ред тогаш Ѓ. Петров треба да остане во првите осум во ждрепката што во вторник ќе се одржи во Виена. Во тој случај македонскиот тим би ги избегнал екипите на Атлетико Гуардес, Јагодина, Измир, Хазена Кунзварт, Бенфика, Бриксен и Михаловце. 

Цуг, Хихон, Елче, Макаби, Кобержице, Х71, Мадеира и Анталија Коњалти би биле во вториот шешир. 

*Останува и онаа можност, послабо рангираните што победиле подоброрангиран тим да го заземат неговото место, но не гледаме дека тоа беше случај досега, па веруваме дека нашата теорија е исправна. Во секој случај, ЕХФ утре ќе мора да ги открие шеширите. 






 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk