Крај на сезоната за Омар Јахија

Леворакиот бек на Веспрем заработи сериозна повреда на коленото. 



Омар Јахија, египетскиот десен бек и еден од најважните играчи на Веспрем за време на вчерашниот натпревар со Висла Плоцк заработи сериозна повреда на коленото поради која предвреме ќе ја заврши сезоната.
Јахија има скинати лигаменти на коленото и ќе оди на операција, а потоа најмалку шест месеци на рехабилитација пред да се врати на терен. 

Оваа повреда доаѓа и во специфично и многу незгодно време и за Египет кој пред само еден месец официјално го пензионираше Ахмед Ел Ахмар, легедарниот десен бек. Тој замина во пензија отстапувајќи го местото на Јахија. 
Дали сега Гарсија Парондо ќе го врати назад за Светското првенство во Шведска и Полска, ќе видиме. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk