Загреб на вардаров погон до бод во Букурешт

ППД Загреб под водство на Славко Голужа игра препородено, па така по победата над Веспрем дома, сега освои бод во Букурешт. Оваа средба ја судеше македонската судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. 



ППД Загреб за кого настапуваа тројца екс ракометари на Вардар, Тимур Дибиров, Иван Чупиќ и Стефан Додиќ, успеа да освои бод во Букурешт на натпреварот со Динамо каде што исто така има тројца екс играчи на Вадар, Анте Кудуз, Едуардо Гурбиндо и Калифа Гедбан. Средбата, пак, изобилуваше со моменти што можеа да го прекршат натпреварот и да го одведат во поинаков праец. 

ППД Загреб водеше, но со мала разлика текот на целиот прв дел, Тимур Дибиров играше симултанка во нападот, Додиќ и Чупиќ беа на вистинско место кога ќе требаше. Првиот дел заврши со гол предност за Загреб, а на почетокот на второто полувреме гостите од Хрватска имаа и 19-15. 

Но, почна да игра и Динамо. Дибиров веќе не беше баран како најсигурна опција во напад, а во одбрана премногу голови постигна крилото Акименко за кого Русинот требаше да се грижи. 
Но, настрана играчите во поле, главни „фаци“ вечерва во Букуреште беа голманите. 
На едната страна Хаедиредад со 14 одбрани, а на другата Пантјар и Славиќ кои фаќаа зицери кога мечот можеше да биде решен. 

И во една таква игра на пропуштени шанси за победа, на крајот, немаше победник. Семафорот запре на 27-27, последниот напад на Динамо не беше крунисан со гол. 

Дибиров со седум гола беше најефикасен, Чупиќ постигна пет. На спротивната страна Акименко постигна шест гола.

ДЕНЕСКА 
ДИНАМО - ППД ЗАГРЕБ   27-27
КИЛ - НАНТ    37-33
ВЕСПРЕМ - ВИСЛА   32-22
БАРСА - АЛБОРГ


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk