ЕХФ ги стави на тапет и Кремс и Војводина

Дуелот од третата рунда на ЕХФ Куп меѓу Кремс и Војводина ќе го добие заслуженото внимание од Виена. Веројатно нема да им се допадне ниту на едните ниту на другите. 



Кремс и Војводина го одиграа својот меч во Австрија, а тој беше одбележан со инцидент на трибините, мешаница во која летаа и тупаници и еден многу валкан момент што очигледно не е искоренет во Србија, а и во Црна Гора, а тоа е плукање по играчите и судиите од трибините. 
Инцидентот беше ставен под контрола по 10-тина минути, а потоа специјалната полиција презеде контрола врз навивачите и ги чуваше во центарот на градот. 

Кремс, кој го загуби мечот на домашен терен, сега не сака да патува во Србија. Не се чувствуваат безбедни, не сакаат да им се повторат сцените и со поддршка од нивната федерација, решија да не одат во Нови Сад и за тоа ја информираа ЕХФ Виена. 

ЕХФ објави дека почнува две постапки. И против Војводина за која се собираат информации околу фановите и се што тие направиле, но и против Кремс кој не сака да патува на реваншот. Натпреварот официјално е одложен, со тоа што ЕХФ си купи време за да не носи брзи одлуки, но наскоро ќе мора да видиме и како ќе заврши оваа епизода. 
Материјал за казни има и за двата тима, прашање е кој ќе помине полошо. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk