Келце и Исланд чекаат многу лоши вести

Келце го одржа своето високо ниво на игра и вчера како гостин славеше победа над нималку наивниот тим на Пик Сегед. Но, друг момент го одбележа вчерашниот дуел. 



По дваесетина минути од натпреварот, вознемирувачка сцена имаше на теренот. Исландскиот ас Хаукур Трастарсон почна да се превиткува на теренот. Сцената беше многу непријатна и очигледно ги вознемири и ракометарите на двата тима, особено на гостинскиот состав. 

Првите реакции од клупскиот доктор се дека се работи за повреда на десното колено. „Се надевам дека грешам, но се подготовуваме за многу лоши вести. Ова изгледаше како да се скинати лигаментите на коленото“, изјави клупскиот доктор за медиумите.

Хаукур Трастарсон често нарекуван новиот Палмарсон, има само 21 година и го гледавме во Скопје на кадетскиот мундијал во 2019. Се работи врвен талент, но тој во 2020 ги скина лигаментите на левото колено и паузираше цела сезона. Сега се работи за повреда на десното колено. Во меѓувреме успеа да се врати во одлична форма и само што почна да игра на ниво од кое и Талант Душебаев беше задоволен.

Ако се потврди дека навистина се работи за лигаменти, тогаш оваа сезона за него е завршена и враќањето на терен би можел да го има дури на почетокот на следната. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk