Словенецот Шоштариќ ќе почека за Хрватска

Селекторот на Хрватска, Хрвоје Хорват „изненади“ со вбројувањето на Марио Шоштариќ, довчерашен репрезентативец на Словенија меѓу кандидатите за СП Полска и Шведска.



Марио Шоштариќ има  хрватски и словенечки пасош, но до пред нешто помалку од три години беше репрезентативец на Словенија. Сега се наоѓа на списокот на Хрвоје Хорват со реална можност да заигра во коцкестиот дрес на претстојниот мундијал. 

Хорват има на списокот пет десни крила, но најзвучното меѓу нив, Иван Чупиќ е неизвесен и прашање е дали ќе може да игра и издржи цел турнир. 
Другите кандидати се Марио Шоштариќ, екс играчот на Е. Пелистер, Јосип Божиќ Павлетиќ, а последните двајца се анонимните Краљевиќ и Главаш. 
Затоа на Хорват му е потребен Шоштариќ, но тој нема да има право да игра до 25 јануари. Точно на 25 ќе се играат дуелите до 1/4 финалето. 
Хрватите се обидуваат да издејствуваат порано да добие дозвола, но ИХФ не е расположен за таква соработка. 

Тоа значи дека некогашниот словенечки репрезентативец на Хрватска би можел да и се приклучи единствено за финалниот турнир. Реално шанса имаат. Тие се во група со Египет, Мароко и Сад, а ако минат вкрстуваат со Данска, Тунис, Бахреин евентуално Белгија.
Две од овие осум екипи ќе играат финална рунда што значи дека за Хрватска „единствено“ се бројат дуелите со Египет и Данска, во однос на сите други е фаворит. 






 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk