Вести и трансфери: Веспрем најде замена за Ненадиќ, нов пех за Франција пред СП

Рускиот бек Сергеј Марк Косоротов ќе ја напушти Висла Плоцк и следната сезона ќе се пресели во редовите на Веспрем, од каде што неодамна објавено, заминува Петар Ненадиќ. 
За можноста Косоротов да замине од Висла веќе подолго време се зборува, а Веспрем за цело време беше еден од кандидатите. Сега дојде време да се реализира овој трансфер, информацијата во секој случај не е официјална. 



Шведското крило Лукас Пелас во 2020 година замина од Луги и се пресели во францускиот Монпеље. Сега потпиша продолжување на договорот и ќе остане таму до 2026.

Ноа Годaн (23), синот на прославениот француски голман Кристијан Годaн заминува од екипата на Сондерјуске и следните две сезони ќе игра во Скјерн. 
За разлика од славниот татко кој беше голман, Ноа игра на позиција централен бек. 

Мешков Брест објави дека по 12 години се разделува со спортскиот директор Павел Башкин. Разделбата е не е поради незадоволство, туку спогодбено... 

Екипата на Нант каде тренер е ХелеТомсен, објави дека постигнале договор со репрезентативниот бек Тамара Хорачек, ракометарка на на Мец. 

Екипата на ЧСМ Букурешт ќе се засили со полската репрезентативка Моника Кобилинска која игра на позицијата лево крило во француската екипа Брест Бретањ. 

ЧСМ Букурешт објави дека го продолжиле договорот со романската репрезентативка Алксандра Диндилиган до јуни 2025 година. 

Франција има нов проблем пред настапот на СП Полска. По повредите на Жулиен Бос и Карл Конан, сега повреда пријави и крилото Иго Деска. Тој има проблем со менискусот и неговиот настап на првенството е под голем прашалник.

Шведското крило Јонатан Едвардсон заработи повреда поради која подолго време ќе биде надвор од терен и нема да може да настапи на мундијалот на кој неговата Шведска е ко-домаќин. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk