Т. Пролет објавува книга за своите 60 години

Ракометниот клуб Тинекс Пролет в понеделник ќе ја промовира книгата „60 Години РК Пролет“, посветена на досегашното успешно непрекинато функционирање на овој скопски спортски колектив.



Во неа е искажан убав историски осврт, за почетоците на ракометната игра во Македонија, создавањето на Пролет, битките што се водени на територијата на Југославија, како и предизвиците и успесите на клубот во поновата историја, вклучувајќи ги и неколкуте авантури на Тинекс Пролет во европските натпреварувања.

Меѓу останатото, посебен простор е издвоен за „Дванаесетте величествени“, големи играчи кои настапувале или се уште настапуваат за РК Пролет, потоа за женскиот клуб на Пролет, како и за гордоста на РК Пролет - верните навивачи кои со децении наназад се заштитен знак на клубот.

Промоцијата на книгата „60 Години РК Пролет“ ќе се одржи в понеделник со почеток во 12 часот во “Лиса Центар“, населба Ново Лисиче.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk