Ваучерот станува државен, донациите остануваат

Ваучер системот се покажа како важна алка во спонзорирањето и инвестирањето во спортот, но досегашното решение во поглед на неговата реализација се покажа како непрактично. 
Владата реши да воведе измени во реализацијата на ваучерот. Тоа го потврди министерот за финансии Фатмир Бесими. 



„Одиме со поинакво решение. Ваучер системот нема да оди преку поддршка и ослободување од даночната обврска. Ваучерите ќе се реализираат преку програма на влада, директно како поддршка од буџетот.
Институцијата што ќе го реализира тоа дополнително ќе се прецизира преку законот.
Остануваат донациите за спортот од страна на стопанството и даночното ослободување како и за сите други јавни услуги што ги прави стопанството.
Ќе можат фирмите да го користат даночното олеснување за донациите во спортот. Оваа важна категорија за поддршка на спортот останува, но со изменет систем затоа што досегашното решение во пракса создава црн пазар“, изјави министерот за финансии Фатмир Бесими.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk