Продолжена верноста кон РНЛ

Само два дена откако беше објавено дека Винсен Жерар ќе биде замена за Никлас Ландин во Кил, РНЛ потпиша нов договор со Микаел Апелгрин, шведскиот чувар на мрежата. 


Микаел Апелгрин беше еден од најсериозните кандидати да биде ангажиран од Кил како замена за Никлас Ландин кој на лето се сели во Алборг. 
Очекувано, не беше единствениот кандидат, а дали РНЛ реагираше пред Кил или „зебрите“ се решија за Французинот, сеедно, откако беше комплетиран дилот на Жерар, се комплетираше и вториот. Микаел Апелгрин потпиша нов четиригодишен договор со РНЛ и останува таму до 2026. 
Швеѓанецот во Манхајм дојде во 2015 година, па ако го одработи договорот до крајот, ќе коплетира една деценија како играч на Рајн Некар Ловен. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk