Блескаше Хенеберг, Е. Пелистер со победа од Германија

МОТОР ЗАПОРОЖЈЕ - ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР    30-33 (16-18)
Мотор: Турченко 7, Денисов 4, Горига 4...
Е. Пелистер: Хенеберг 14, Радовиќ 4, Танкоски 3, Пешевски 3, Василев 3...




E. Пелистер виде доста мака во првиот дел. Украинците иако се наоѓаат во ситуација во каква што се наоѓаат и преживеале тоа што преживеале, сепак од почетокот на конфликтот се во странство, работат во германски услови, се натпреваруваат во германска лига пола екипа и натаму се репрезентативци, а имаат и тројца странци. 

Ракометот што го играат е тој што отсекогаш го играше Мотор Запорожје, сме го гледале овој тим редовно во Лигата на шампионите. Не можеме да кажеме дека е модерен, но имаат свој стил, систем што им носеше резултати. 
Битолчани имаа расположен голман, Урбан Лесјак (седум одбрани во првиот дел) и расположен стрелец Себастијан Хенеберг (пет гола во првиот дел) и тоа превагна во израмнетите и тешки дуели. Пешевски, Танкоски, Атанасијевиќ, Радовиќ успеваа да го носат тимот кон водството во првиот дел кое со мали осцилации од плус два до минус два, на крајот заврши со водство од 18-16 за Е. Пелистер. 



На почетокот на вториот дел Е. Пелистер поведе со пет гола разлика (23-18, 35 мин) и се доби впечаток дека ќе го скрши отпорот на Украинците и лесно ќе го приведе мечот до крај.
Не беше според очекувањата, Мотор остана во игра, но од друга страна остана и разликата. 
Битолчани играа сосема солидна, на моменти одлична одбрана. Кизиќ го замени Лесјак и го одржа нивото, а во напад го имаа Хенеберг кој имаше до 55 минута 14 постигнати голови од 15 обиди.
На крајот, битолчани рутински без поголеми проблеми ја приведоа средбата кон крајот. 
Сега по четири одиграни кола имаат два пораза на домашен терен и две победи на гостински терен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk