ВИДЕО: Митревски симна зицер во последната минута, но...

Голема драма се одигруваше во финишот на дербито во шампионатот во Португалија во кое Порто со Никола Митревски на голот му гостуваше на тимот на Спортинг Лисабон. 



Ракометарите на Порто водеа 28-26, но како и на претходните неколку натпревари имаше судиски одлуки на нивна штета на Порто, па Спортинг успеа и да поведе 29-28. 
На водството му претходеше симнат зицер од македонскиот голман Никола Митревски. 
Конечно, натпреварот заврши без победник 29-29, а Порто е прв на табелата со бод повеќе и натпревар повеќе од Спортинг и Бенфика. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk