Нова повреда и повторно во Кил

Кил ја почна сезоната со повреди на Сагосен, Пекелер и Дамке. Потоа се повреди и Свен Ериг, сите долгорочно. Само што се врати Пекелер се повреди Ерик Јохансон, ќе го нема неколку месеци. Вчера во тимот се врати Сандер Сагосен, а се повреди Штефан Вајнхолд.



Според информациите објавени во германските медиуми, десиот бек на Кил нема да биде спремен за игра во следните три месеци. Повреда на коленото е причината поради која Вајнхолд ќе оди на рехабилитација.
Тој од претходно имаше најавено дека нема да настапи за репрезентацијата, па така селекторот на нивниот национален тим нема да биде „чепнат“ поради оваа повреда. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk