Утре против Мотор, заврши сезоната за Руди Сери?!

На својот четврти настап сезонава, Е. Пелистер ќе гостува. Мотор Запоожје, украинскиот шампион ќе го пречека македонскиот тим на неутрален терен во Германија. 



Многу важен меч за Пелистер, пресвртница. Победа во Германија му носи и пласман во елиминациите на тацна. 
Досега битолчани победија на гости во Португалија, а ги загубија двата домашни натопревари. Патем имаат и доста проблеми со повредени играчи. 

Ларс Валтер, тренерот на битолскиот клуб го изјави следново: 
„Изгледа како да нема крај на проблемите, но имаме уште неколку недели до крајот на полусезоната. Тие сме што сме, ќе се бориме до крај и ќе сториме сè што е во наша моќ да освоиме два бода против Мотор.
Мотор има добри ракометари. Анѓелиќ игра во средината и искусен  голман како Кoмок на голот. Од тоа што го видов, играат убав ракомет. Одиграа добар натпревар против Архус, Бидасоа Ирун имаше проблеми со нив, па нема да биде лесно. Мора да дадеме се што имаме и да го добиеме тој натпревар. 
Два брзи тима ќе се соочат, мислам дека ќе биде интересен натпревар. Ни треба нашата добра одбрана, последниот натпревар малку поспоро се враќавме, па цел на натпреварот против Јуниор беше да се подобриме. Знам дека не е исто како против Фуксе Берлин, но мора да ги искористиме овие натпревари да се подготвиме за тешките дуели.

Марио Танкоски, плејмејкерот на Е. Пелистер, смета дека се фаворити: Натпреварот против Мотор за нас е многу важен, бидејќи со нив ќе водиме битка за продолжување во следната фаза. Се подготовуваме за противникот од Украина, претежно составен со украински ракометари, но мислам дека ние сме фаворити и имаме големи шанси да се радуваме. Останаа таму само украински ракометари, со 2-3 странци. Високи и спори се и треба да ги наттрчаме, да играме наш ракомет и верувам дека нема да имаме проблем.

Имаме многу повредени ракометари, Суси веќе е опериран и се рехабилитира.
Руди Сери мислам дека е загубен за оваа сезона.
Имаме проблеми со ротација и мора да играме исти ракометари, десет играчи се здрави и за македонско првенство и за Европската лига. Посебно е напорно овие дваесеттина дена до крајот на полусезоната, бидејќи имаме два натпревари неделно. Мора да се собереме, заедно да смогнеме сили, да ги издржиме овие дваесет дена и ќе биде сè во ред.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk