Се врати во игра Сандер Сагосен!

Норвешкиот ас денеска го имаше враќањето на терен по долгата пауза. Дали ќе го видиме на терен против Македонја на 13 јануари во Краков?



Една од најголемите светски ѕвезди, Норвежанецот Сандер Сагосен денеска го имаше своето враќање на терен по пауза од повеќе од шест месеци.

На натпреварот со Гумерзбах (31-28), Сандер Сагосен шутираше четири пати, а погоди само еднаш. Но, тој погодок симболично го најави неговото враќање во игра. 

Сега се зависи како ќе се однесува оперираниот зглоб и колку брзо Сагосен ќе се врати во ритам. Киле  во проблеми затоа што долго време го нема не само Сагосен, туку доскоро отсутен беше и Хендрик Пекелер, Руне Дамке, Свен Ериг, сега се повреди Ерик Јохансон.

Дали ќе игра Сандер Сагосен на СП? Сега шансите да го видиме на терен не се толку мали. Доколку биде се во ред тој ќе има еден месец за да ја темпира формата.
Сепак, СП е натпреварување што е поинакво и бара многу напор на дневна база, а Сагосен ќе биде ровит. 
Норвешка и Македонија играат уште во првото коло и се уште веруваме дека се поголеми шансите да не го видиме на дуел со Македонија. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk