Дербито и второто место за Т. Пролет

Важна, можеби решавачка победа за пасман на второто место на табелата забележе вечерва Т. Пролет над ривалот Тиквеш (24-19).



Тинекс Пролет одлично го отвори натпреварот, поведувајќи со 3-0 по само три минути игра. Аларов беше стрелец на првиот гол, а веднаш потоа по исклучувањето на Петровиќ, домашниот состав даде два гола во празна мрежа преку Џонов и Јагуриноски. Тиквеш успеа да се приближи откако Џонов беше исклучен, по што кавадарчани стигнаа до 5-4, но гостинскиот состав во ниту еден момент од првиот дел не стигна до израмнување.
Во еден момент гостите останаа со двајца играчи помалку на теренот, а Тинекс Пролет тоа умешно го искористи за повторно резултатски да се одлепи. Тинекс Пролет подобро го заврши полувремето и на одмор замина со водство од 13-9, по головите на Василевски и на Андоновски во самата завршница.

Второто полувреме почна исто како и првото, со гол на Михаил Аларов, по што блесна и голманот Михаљевиќ со две извонредни интервенции. Пецаковски погоди од седум метри за 15-9 по изнудениот пенал и исклучување на Џонов..
Ниту новиот тајмаут на Брестовац не промени ништо од случувањата на теренот, домашните ракометари продолжија да доминираат, поведувајќи со 22-13 на девет минути до крајот. Триумфот беше осигуран, што придонесе да дојде до мало опуштање во таборот на Тинекс Пролет, па Тиквеш успеа барем малку да се приближи и овој натпревар заврши со конечни 24-19.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk