Денеска дерби во Скопје, што да гледате?

Во финална фаза влезе машката Супер лига. Остануваат само уште три кола, па потоа ќе почне паузата поради настапот на машката сениорска репрезентација на Светското првенство во Полска и Шведска. 



ДЕНЕСКА ИГРААТ
14:00   Голден Арт - Радовиш
18:00   Струга - Алкалоид
18:00   Вардар - Охрид
18:30   Т. Пролет - ГРК Тиквеш
18:30   Вардар (Н) - Прилеп
20:30   Куманово - Бутел Скопје


Малку недговорени прашања има во групата „А“. Вардар е сигурно прв, Алкалоид е речиси сигурно втор, а Охрид и Бутел Скопје ќе се борат за позициите 3 и 4, со тоа што поголеми шанси му даваме на скопскиот тим. 
Струга е со големи пет бода заостанување зад Бутел и Охрид и практично отпишана од трката за Плеј оф. 
Затоа, пак, сосема сигурно ќе бидат најдобропласирани и во три бода ќе почнат во Плеј аут првенството. Во теорија Струга би можела да ги стигне Охрид или Бутел, но во последните три кола играат со Алкалоид, Охрид и Вардар и оваа нивна мисија е невозможна. 

Сите натпревари ќе можете да ги гледате преку интернет пренос на страницата на РФМ - КЛИК ОВДЕ

 
П Екипа Н П Р И ДГ ПГ ГР Б
1 Вардар 1961 11 11 0 0 362 244 118 33
2 Алкалоид 11 9 0 2 363 275 88 27
3 ГРК Охрид 11 7 0 4 294 263 31 21
4 Бутел Скопје 11 7 0 4 284 266 18 21
5 Струга 11 5 1 5 284 291 -7 16
6 Прилеп 11 2 1 8 275 346 -71 7
7 Куманово 11 1 0 10 255 340 -85 3
8 Вардар (Н) 11 1 0 10 255 340 -85 3

Денеска ќе реши и второто место во групата „Б“. Т. Пролет е домаќин на Тиквеш. Победникот од овој  меч веројатно ќе заврши на позицијата два. И двата тима до крајот треба да играат и со фаворитот Е. Пелистер. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk