Олсон ги отвори картите, Холандија има опасен тим

Штафан Олсон селекторот на Холандија го објави списокот од 35 играчи од кои ќе состави тим за настап на Светското првенство во Полска и Шведска.
Холандија е противник на Македонија во групата во Краков. 



Слично какои Аргентина пред некој ден, сега и Холандија ги отвора првите карти за мундијалот. Штафан Олсон одбра 35 ракометари, а на хартија „чудото“ од Дебрецен изгледа доста сериозно. 
Со 20 играчи што се интеранционалци во составот и играат главно во Германија, Холандија има интернационален состав што треба да се респектира. 

Лук Стеинс, МВП од ланскиот шампионат на Франција и првиот плејмејкер на ПСЖ е нивната ударна игла. Кај Смитс од Магдебург е уште еден многу важен играч на овој состав. 
Ќе мора многу внимание да се посвети и на Дани Бајенс (Хамбург), Изо Слујтерс од Амичитија Цирих, како и на триото Нико Блау, Боби Шаген и Нилс Верстејнен (Лемго).

На последното ЕП, Холандија ги совлада и практично ги испрати дома репрезентациите на Португалија и домаќинот Унгарија. 
Ја совлада и Црна Гора и одигра нерешено со Хрватска. Загуби единствено од Франција и Данска и претходно во прелиминарниот дел од Исланд. На крајот заврши на 10 место. 

Во баражот за СП, на гостински терен славеше над Португалија, но потоа дома загуби и беше елиминирана. 
На СП дојде со вајлд карта од четвртиот шешир и ја направи многу посилна и покомплицирана групата во која е Македонија. 




 
  Naam Club
1 Jasper Adams KEMBIT-LIONS
2 Dani Baijens Handball Sport Verein Hamburg (GER)
3 Samir Benghanem Green Park/Handbal Aalsmeer
4 Mark van den Beucken KRS Topphåndball.(NOR)
5 Niko Blaauw TBV Lemgo (GER)
6 Jeffrey Boomhouwer Green Park/Handbal Aalsmeer
7 Florent Bourget Grand Nancy Metropole Handball (FRA)
8 Tim Claessens Achilles Bocholt (BEL)
9 Ids Eussen KEMBIT-LIONS
10 Tommie Falke Sporting Pelt (BEL)
11 Tom Jansen VFL Gummersbach (GER)
12 René Jaspers Drenth Groep/Hurry-Up
13 Ephrahim Jerry Tremblay Handball (FRA)
14 Martijn Kleijkers KEMBIT-LIONS
15 René de Knegt Green Park/Handbal Aalsmeer
16 Lars Kooij ASV Hamm-Westfalen (GER)
17 Evert Kooijman KRAS/Volendam
18 Thijs van Leeuwen Sporting Pelt (BEL)
19 Patrick Miedema Drenth Groep/Hurry-Up
20 Robin Nagtegaal KRAS/Volendam 
21 Niels Poot Herpertz/Bevo HC
22 Bart Ravensbergen HSG Nordhorn-Lingen (GER)
23 Bobby Schagen TBV Lemgo (GER)
24 Rob Schmeits KEMBIT-LIONS
25 Robin Schoenaker Sporting Pelt (BEL)
26 Iso Sluijters GC Amicitia Zürich (SUI)
27 Kay Smits SC Magdeburg (GER)
28 Jorn Smits Lemvig-Thyborøn Handbold (DEN)
29 Ivar Stavast HC ElbFlorenz Dresden (GER)
30 Luc Steins Paris Saint-Germain Handball (FRA)
31 Luca van Straaten KEMBIT-LIONS
32 Rutger ten Velde TuS N-Lübbecke(GER)
33 Arjan Versteijnen Herpertz/Bevo HC
34 Niels Versteijnen TBV Lemgo (GER)
35 Donny Vink Green Park/Handbal Aalsmeer

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk