Шпанија и Португалија направија свој Куп

Дали е на повидок формирање на нова регионална лига? Шпанија и Португалија покрај заедничката организација на ЕП 2028, годинава за прв пат организираат и заедничко Куп натпреварување.



На средината на декември во Малага ќе се организира првиот заеднички Куп на Шпанија и Португалија. Наречен е Ибериски Супер Куп, а ќе учествуваат по две екипи од земјите организатори. 
Шпанија на ова натпреварување ќе ја преттавуваат Барса и Гранољерс, а за Португалија ќе настапат Порто и Спортинг. 

Со оглед на тоа дека првенствата освен на врвот на табелата не нудат големи возбудувања, особено во Шпанија, не би рекле дека е невозможна и организација и на заедничка лига по принципот на СЕХА, БЕНЕ, Балтичка Лига итн... 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk