Тренерско деби со победа за Миркуловски

Филип Миркуловски денеска го имаше своето тренерско деби, како прв тренер на екипата на Вецлар. 


Поранешниот плејмејкер на репрезентацијата сега член на стручниот тим на Кирил Лазаров во националниот состав денеска со победа ја почна тренерската кариера, како прв тренер во екипата на Вецлар.

Миркуловски го водеше тимот во тандем со спортскиот директор Јасмин Чамџиќ на гостување во Хановер, каде што игра Филип Кузмановски. 
Велцар стартуваше фуриозно, поведе со 7-1 и потоа таа предност умешно ја одржуваше до крајот. Конечниот резултат е 26-23 за Вецлар, а издвојуваме дека Филип Кузмановски за екипата на Хановер постигна два гола од три обида. 

Вецлар викендов го отпушти тренерот Бен Мацке и додека да реши што понатаму, екипата ќе ја води Миркуловски. Ако играат како денеска, можеби нема да мораат да бараат ново решение.
Следниот предизвик, сепак, ќе биде многу поинаков затоа што во Вецлар ќе гостува Кил. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk