Костески и даде 15 гола на Дукла

Македонскиот интернационалец Никола Костески има втора ракометна младост во чешкиот тим Плзењ. 


Никола Костески беше блиску да го повтори својот најдобар натпревар во дресот на Плзењ. На натпреварот со Дукла што заврши со победа на Плзењ од 40-34, македонското крило постигна 15 погодоци. 
Десет кола претхоно, Костески постави личен рекорд од 17 гола на натпревар во чешкото првенство. 

Костески игра одлична сезона и на досега одиграните 14 натпревари има постигнато 72 гола, односно 5.1 голови на натпревар. 

На листата на стрелци во првенството на Чешка е со овие 15 гола е на делба на петтото место со ракометарот на Јичин, Јиржи Долејши. Првиот стрелец е централен бек, има постигнато 102 гола, доаѓа од екипата на Брно и се вика Мартин Коцич.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk