Норвешка остана златна!

ФИНАЛЕ: НОРВЕШКА - ДАНСКА  27-25 (12-15)



Од Љубљана, Ричи Ѓамовски

Норвешка го одбрани европското злато и ќе продолжи и во следните две години да го носи признанието европски првак.
Вечерва во Љубљана, Норвешка славеше над единствениот тим што го победи на ова ЕП - Данска. 

Ако победата во главната рунда на Данска се чинеше среќна, вечерва покажаа дека имаат тим рамен на норвешкиот. 
Можеа и до злато, водеа цели 52 минути, а потоа Норвешка успеа да израмни и да премине во водство. Можеби малите промени во одбраната во клучните моменти кога корпулентната Транборг која цел меч успешно ја чуваше МВП-то Хени Рајстад замина на клупата пресудија. Рајстад веднаш постигна два гола и тоа од 24-24 за водство од 26-24 при што победникот практично беше решен. 

Тоа е епилогот од 15 ЕП. Норвешка златна, Данска сребрена, Црна Гора со бронзен медал. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk