Грбиќ: Помислив цел свет ќе се сруши

Од Љубљана за g-sport.mk, Ричи Ѓамовски



Итана Грбиќ, поранешната ракометарка на ЖРК Вардар, регрутирана уште по кадетскиот мундијал во Македонија во 2014, прерасна во одличен играч. Од Скопје ја паметиме како лево крило, во црногорскиот тим е главниот организатор на играта, од плејмејкерската позиција. 

Вечерва играше одлична партија, но беше и творец на „оној“ пенал со кој Франција по истекот на времето погоди за продолженија. Првото прашање беше околу тој момент...

„ Кога судиите досудија тоа што досудија, во тој момент помислив дека цел свет околу мене ќе се сруши“, изјави Грбиќ по мечот.
„Но, некако бев сигурна дека девојките вечерва ќе победат. Не знам од каде излезе ова, оваа сила. Сигурно физички не сме посилни од нив. Но, вечерва имавме повеќе сила, особено во продолжението, сите одиграа врвно“, вели поранешната вардарова ракометарка. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk