Драма продолженија и бронза за Црна Гора

Од Љубљана, Ричи Ѓамовски

ЦРНА ГОРА - ФРАНЦИЈА   27-25 (22-22, 13-13)

Мечот за трето место меѓу Франција и Црна Гора беше еден показател што значи тоа „повеќе ја сакаа победата“. 
Јасно не можеме да зборуваме кој повеќе ја сакал, но дефинитвно бронзата има поголемо значење во Црна Гора, отколку во Франција. Се виде тоа на терен, се виде и на трибините, иако Париз и не е многу подалеку од Љубљана отколку Подгорица. 


Шеесет минутната битка во која Црна Гора имаше повеќе од водството, имаше и плус три и практично и медал во џебот, може да се собере во една реченица, во една минута. 

Франција имаше напад за реми во последната минута и не го искористи. Потоа во напад за пообеда и бронза тргна Црна Гора, не го искористија, иако нив и не им беше потребен гол, туку само да истече времето. Не го изменаџираа тоа како што треба. Остана уште малку неколку секунди за Франција, но Итана Грбиќ, една од најдобрите играчи на Црна Гора направи фаул од зад грб, спречи нападот да почне и по видео прегледот што гледачите во Љубљана не го видоа (иако требаше според најавите) беше доделен црвен картон за Грбиќ и пенал за Франција. Сето ова беше зачинето со конфликт меѓу црногорските фанови  кои фрлија во еден момент хартиена лента на теренот и спречија напад и  францускиот селектор. 
Сеедно, мечот продолжи со пенал што Грејс Заади го реализираше и мечот отиде во продолженија (22-22).

По пет минути од продолженијата, благодарение на голманот Марта Батиновиќ, Црна Гора имаше предност (24-23).. На крајот немаше нова драма. Црна Гора поведе 27-24 и тоа беше крај и бронзен медал за нивниот состав.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk