ЕХФ нема да го менува системот на ЕП

Шест групи со по четири екипи по што пола од репрезентациите ќе си замнат дома е системот што ЕХФ нема намера да го смени. Го прашавме директно претседателот на ЕХФ Михаел Видерер за овој систем, беше многу концизен дека тоа нема да се промени. 



До 2020 беше едно, по 2020 да се игра на ЕП е потешко, тоа  факт што често се занемарува кога се спрема „критика“ и се споредуваат резултати. 

„Ние мораме да го намалиме бројот на натпревари на врвните ракометари“, изјави Видерер. “ Проширувањето на Европските првенства, почнувајќи од Австрија 2020 за мажи и следното во 2024 за жени е направено за повеќе земји да можат полесно да се квалфикуваат. Кај мажите ја имавме Летонија, на пример, кај жените очекуваме држави како Турција на пример, а и Македонија кои долго време вложуваат и се бора да стигнат до големо натпреварување. 
Но, кога екипите ќе се пласираат, тогаш за пласман во следниот круг ќе треба да одат по потежок пат. Повеќе екипи ќе учествуваат, но само надобрите ќе одат до крај“, вели претседателот на Европската ракометна федерација. 

- Во Австрија 2020 во првиот круг испаднаа Франција и Данска, во Унгарија и Словачка, по првиот круг испаднаа и двата домаќина и салите останаа празни, тоа сигурно не е во полза на ЕП. 

„Видете, на ЕП со 16 репрезентации во следниот круг одеа 12 екипи. Сега од 24 во вториот круг исто така одат 12 екипи. Претходно, едни, исти репрезентации поминуваа до 8 место, другите четири беа со многу малку измени. Сега тоа се менува. 
Франција и Данска? На сите екипи им е потешко и никој нема лесно да мине во главната рунда“, вели Видерер. 

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk