ППД Загреб најде тренер место Обрван

ППД Загреб најде замена за тренерот Ивица Обрван кому неодамна му беше раскинат договорот.



Дежа Ви во Загреб. Си оди Ивица Обрван, доаѓа Славко Голужа.
Исто така беше и пред 10 години, во 2012 година. Има нешто во маѓепсан круг на тренери во ППД Загреб. Упорно одат со истиот рецепт и очекуваат различни резултати. За волја на вистината резултатите се различни, но послаби од претходно. 

Славко Голужа денеска е промовиран за нов тренер на екипата на ППД Загреб. Ова ќе биде негов трет ангажман на клупата на Загреб. Неговото деби на клупата во Лигата на шампионите ќе биде на натпреварот со Веспрем, во среда на 24 ноември. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk