Познати сите директни патници за СП, Македонија во бараж

Познати се сите шест репрезентации што директно ќе се пласираат на следното Светско првенство, закажано за 2023. Натпреварот за 5/6 место нема да има значење. 



Норвешка, Данска и Шведска одат директно на СП како домаќини, а Франција, Црна Гора и Холандија одат на СП како најдобропласирани екипи од тековното ЕП.
Закажаниот дуел за 5/6 место ќе се одигра според планот, но нема да има резултатско значење со оглед на тоа дека и двете екипи се директно пласирани. 

Репрезентациите што се пласираа од 7 до 16 место, вкупно 10, а меѓу нив и Македонија ќе бидат во првиот шешир во ждрепката за баражот што во сабота ќе се одржи како дел од свеченото затворање на првенството. 

Нивни ривали ќе бидат 10 репрезентации што низ квалификации се пласираа во баражот. Toa се репрезентациите на Австрија, Чешка, Грција, Исланд, Италија, Косово, Португалија, Словачка, Турција и Украина.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk