Мукаетов: Преку ЕП ги доближивме ракометарките до јавноста

Македонија одработува Европско првенство според сите критериуми што ги бара ЕХФ, а нивните стандарди не се мали, напротив бараат многу сериозен пристап, многу вложувања од секој аспект и избегнување на секаков тип на импровизации. 



Имавме кратка средба со претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, заедно со претседателот на ЕХФ Михаел Видерер и генералните секретари на РФМ, Филип Милошевски и Мартин Хауслајтнер. 

ЕХФ искажа задоволство од тоа што го гледа во Скопје, РФМ исто така има причини да биде задоволен. 


„Искрено сум горд на сето она што го сработевме, ова беше сериозен проект за кој верувам дека целосно одговоривме на предизвикот.
Горд сум што имавме над илјада волонтери во сите сегменти од шампионатот, сите тие на свој начин дадоа придонес за оваа организација да биде на највисоко ниво, што е додадена вредност за нас како организатори, но и за нив самите бидејќи се дел од едно големо натпреварување.
Она што ме прави исклучително горд е фактот дека ракометарките станаа спортски симболи, до пред ова ЕП ретко кој знаеше како изгледаат, а сега веќе се многу попознати за јавноста, за фановите. Тоа е еден голем плус за она што се обидуваме да го направиме, да го кренеме женскиот ракомет, за и оваа селекција почесто да учествува на големитe натпреварувања“, изјави Мукаетов.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk