Го победија Кил во ЛШ, а од Требње загубија со 11 разлика

Сезона со многу подвизи и падови игра словенечкиот Целје Пивоварна Лашко.



Целје Пивоварна беше во облаци по првото коло од Лигата на шампионите и победата над Кил кому му дадоа дури 38 гола. Потоа 50 минути ја мачеа и Барса и тоа во Блау грана. И потоа следеше едно приземјување по друго.

По Барса следеа порази од Нант, Келце и Елверум, а сите позитивни сеќавања на победата над Кил ги снема денеска. 
Актуелниот шампион на Словенија, денеска загуби од Тримо Требње во домашниот шампионат како гостин и тоа со 11 гола разлика (20-31). 
Ова беше нивни прв пораз на домашната сцена по седум кола, но веднаш го загубија првото место - од Тримо, предводен од Урош Зорман. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk