Т. Пролет ита кон второто место

Е. ПЕЛИСТЕР 2 - Т. ПРОЛЕТ  23-25 (9-14)
Ивановски 5, Арсеновски 4 - Димов 5, Џонов 5



Вистински дерби меч одиграа екипите на Е. Пелистер 2 и Т. Пролет во Битола. Скопскиот тим беше подобриот во најголем дел од натпреварот, предводен од Џонов и Димов, поведе 5-2, а потоа ја контролираше играта и резултатот без поголеми осицилации за во финишот на првиот дел да стигне и до највисоката предност од пет гола (14-9). Одбраната на скопскиот тим беше пресудна и ги држеше битолчани повеќе од 10 минути без гол.

И во второто полувеме Т. Пролет беше подобриот тим, имаше водство од 20-15, но комотното водство ги олабави гостите, а битолчани „неосетно“ почнаа да се приближуваат. Следеше серија од 5-2 за намалување на 20-22.
Битолчани намалија и на еден разлика, а во финишот и двата тима при резултат 25-23, пропуштија по неколку шанси, притоа и Белистојаноски заработи повреда и сребата заврши со победа на скопскиот тим. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk