Египетската легенда заврши со репрезентацијата

Ахмед Ел Ахмар, легендата на египетскиот ракомет и знаменосец на Египет на Олимписките игри во Рио 2016, по 18 години минати во дресот на репрезентацијата објави дека се повлекува.



Ахмед Ел Ахмар (38) веќе нема да настапува за репрезентацијата на Египет. Леворакиот бек ја завршува репрезентативната кариера со пет пехари шампион на Африка, девет последователни настапи на СП, четири Олимписки игри на кои во 2016 беше и знаменосец. 

Неговата замена во репрезентацијата или отсега десен бек број еден е Омар Јахија, ракометарот на Веспрем. 

Ако не знаевте: Металург своевремено беше многу заитересиран за ангажман на Ахмед Ел Ахмар, уште во времето кога не беше етаблиран како врвен играч. Египет на времето доаѓаше во Македонија на подготовки и така го привлече вниманието. 
Проблем за реализација на овој трансфер беа строгите правила за трансфер надвор од Египет и специјалните дозволи што ги бараа египетските власти за трансфери во Европа. 
Подоцна, Ел Ахмар, сепак, дојде во Европа, како позајмен играч во Флензбург. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk