Ц. Гора и Германија на пола пат до Скопје

Црна Гора ја совлада Шпанија (30-23), а Германија со доста мака славеше над Полска (25-23). Овие два тима се веќе на пола пат до Скопје. 



Скопје ќе биде домаќин и на Главна рунда на натпревари од Европското првенство, а во „Борис Трајковски“ ќе пристигнат трите најдобри екипи од групата која се игра во Подгорица. 

Црна Гора, очекувано победи, но неочекувано лесно победи на мечот со Шпанија и шансите да не ја пројде групата сега се минимални.
Германија виде доста мака со Полска, но на крајот успеа да победи. 

Утре играат Полска и Шпанија, а победникот од овој натпревар веројатно ќе биде третиот патник за Скопје. Јасно, простор за изненадувања има, но очекуваме да одиграат во ранг на првиот натпревар.


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk