Мицевска: Македонија, Благодарам!

Македонската публика и македонските репрезентативки имаа една поинаква средба. Во посебен амбиент, на меч од Европско првенство на кое Македонија е домаќин... 



„Борис Трајковски“ блесна во поинаков сјај. Добро познатата скоцкана по стандарди и инструкции на ЕХФ, на трибини сосема солиден број на гледачи, на терен олимпискиот шампион... 

Македонија реално резултатски не може многу да очекува, но мож да даде комплетна поддршка на оваа екипа што се бори и се труди да ја оправда секоја минута мината на терен во дресот на националниот тим. Франција победи, но и тие видоа мака и не се пролавија, особено во првиот дел. 
Ракометарките не победија, но и не разочараа, свесни сме на крајот на денот против кого играа. 


„Многу еуфорично тргнавме, кога ја видов салата полна ми се наполни срцето. Првпат игравме во сала полна со наша публика и беше феноменално. Не бевме во грч на стартот, мислам дека системот во кој работат во Франција е многу подобар, говорам за лигата, а и играчите кои играат за противникот се во силните лиги и во Лигата на шампионите. Сакам да се заблагодарам на публиката за поддршката, се надевам дека во следните мечеви ќе бидеме барем двапати подобри од овој дуел со Франција“, изјави голманот на македонската репрезентација Јована Мицевска. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk