Савевски: Многу грешевме, но ова е тим што има иднина

Селекторот на Македонија, Љубомир Савевски, по средбата ги коментираше настаните на од теренот.




Бевме во грч, но требаше да го видите амбиентот во нашиот тим пред мечот. Колку и да сакаме да кажеме, ракометарките беа импресионирани и од настанот, прв меч, противникот. 
Нашата одбрана не беше лоша, но во напад направивме многу грешки, имавме триесетина промашени шутеви. Но, во еден дел бевме егал. 
Има пред нас многу работа, но градиме тим што ќе трае 10-15 години. Јас сум трпелив, но морам да видам напредок, во спротивно... 
Сигурно ќе беше поинаку ако можевме да сметаме на сите играчи, ни недостасуваше Елена Ѓоргиевска, загубивме на ширина. Се обидов со повеќе варијанти, но Франција има страшен тим, можеби најдобрата одбрана ја играат токму тие“, изјави селекторот Љубомир Савевски. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk