Македонија без мунција за победа над Олимписки шампион

ФРАНЦИЈА - МАКЕДОНИЈА  24-14 (12-5)



Македонија не успеа во првото коло од Европското првенство на домашен терен да направи изненадување. Франција, олимпискиот вице првак и акуелен европски и светски вицепрвак беше преголем залак. 

Се виде уште на почетокот. Франција е позната по тоа што ја има можеби најдобрата одбрана во светот. Македонија 16 минути не успеваше да го најде патот до мрежата на одличната Клеопатра Дарло која, пак, одбрани се што одеше кон нејзиниот гол во таа четвртина од мечот. 
Одбраната на нашиот тим, беше на многу подобро ниво отколку нападот. И Франција долго имаше проблеми со реализацијата, но за жал таа наша игра во одбрана не продуцираше шанса за лесен гол. 



По цели 20 минути на семафорот беше само 6-3. Потоа нивната одбрана го стори тоа што не им појде на нашите. Следеа неколку лесни голови и Франција поведе со 9-3. 

До крајот на полувремето стана 12-5, а во вториот дел Франција стигна и со плус десет (18-8). Како позитивна страна на нашиот тим можеме да издвоиме дека и покрај тоа што Франција објективно беше подобриот тим, се бореа беспоштедно. Публиката тоа го прифати и тој момент и постојано даваше поддршка за нашиот тим, иако победникот, беше одлучен. 




 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk