Обрван доби отказ во ППД Загреб

Поранешниот селектор на Македонија Ивица Обрван не е веќе тренер на екипата на ППД Загреб. 



Ивица Обрван остана повеќе од една сезона на кормилото на ППД Загреб што само по себе е успех. Хрватскиот шампион веројатно е во расчекор со квалитетот на нивната екипа и очекувањата во Лигата на шампионите.
За волја на вистината во ППД Загреб пристигнаа познати имиња како Дибиров, Чупиќ, Муса, Гојун... но најважното, нивната бековска линија е составена од млади играчи и ракометари што сезонава не можеа да одговорат на предизвиците, па загубија неколку натпревари од директните ривали. 

Последниот од Динамо Букурешт беше посебно болен за управата на клубот, па решија по нивниот проверен рецепт да го сменат тренерот. 

Тончи Валчиќ и Денис Шпољариќ поранешни хрватски репрезентативци ќе го водат ППД Загреб додека е најде друго решение. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk