Одбројувањето заврши, Македонија е спремна за ЕП

Проектот што почна во февруари 2017 со апликација за организација на сениорско Европско првенство денеска почна да го достигнува максимумот. 
На еден ден до стартот на Европското првенство во реновираната и брендирана според потребите и стандардите на ЕХФ, „Борис Трајковски“ се одржа промотивната прес конференција. 



Во „Борис Трајковски“ е вложено многу, салата барем за тие што знаат како изгледаше сега е практично непрепознатлива, а настанот беше заокружен со разгледување на сработеното во делот на организацијата. 

На прес конференцијата зборуваа Габриела Хорват, позната унгарска ракометарка сега дел од ЕХФ, амбасадорот на ЕП, Горадана Нацева, престедателот на РФМ, Живко Мукетов, а преку видео обраќање и генералниот секретар на РФМ, Филип Милошевски, директорот на салата “Борис Трајковски“ и ракометарките и селекторот на женската репрезентација. 
Сето тоа збогатено со промотивни и мотивациски видеа. 


„Благодарност до сите за вложениот труд, за ангажманот за организација на едно вакво големо натпреварување. Сите сме свесни колку голема работа ни се случува, сакам да им порачам на младите дека најубаво место за излегување во наредните десет дена ќе биде СЦ Борис Трајковски, кој денеска блеска од убавина.
Ова ќе биде дополнителен мотив и силен импулс за сите што сме вклучени во женскиот ракомет, за да се врати на старите патеки. За нешто повеќе од 24 часа нашата репрезентација ќе излезе на мегдан на меч од ЕП. Денеска чувствувам емоцијиа како кога настапував во играчката кариера, можам само да замислам како се чувствуваат ракометарките.
Знам колку работеа репрезентативките, свесни се дека ова е шанса на нивните кариери а јас искрено верувам дека ниедна желба не е неостварлива.
Ја повикувам целата македонска публика да дојде во сала, да даде поддршка за нашата репрезентација. Сакам да им посакам успешен старт и на нашите спортски пријатели од Црна Гора и од Словенија, со кои заеднички го организираме овој спортски спектакл. Напред Македонија, со срце за Македонија“, изјави Гордана Нацева.

Претседателот на РФМ, го заокружи настанот со своето обраќање:
„Во последните 15 години често бевме дел од големите натпрееварувања, но секогаш бевме како навивачи или членови на нашата делегација. Сега конечно имаме можност да донесеме едно Европско Првенство овде, во нашиот главен град, во оваа прекрасна сала.
Тоа е голема чест и голема одговорност. Претставници на претставниците на медиумите и на целата јавност, на АМС и на ракометните работници, што заедно одработуваме нешто што ќе остане запаметено. Би сакал посебно да се заблагодарам на тимот од РФМ за ова европско првенство да го претставиме на едно највисоко ниво.
Сега треба да го потврдиме сето она што го градевме сето ова време, очекувам сплотеност и заеднишство, македонската јавност да покаже колку го сака спортот и ракометот, да покажеме дека можеме да се носиме на сите полиња, како организациски така и спортски“, изјави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов.
Потоа, на прес-конференцијата Живко Мукаетов преку видео-врска им се обрати на ракометарките кои го следеа настанот во својот хотел. „Како што се договоривме, веруваме прво во себе, во тимот, во Македонија“, порача Мукаетов.

 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk