Што ќе видат гледачите на ракометниот ВАР?

Европската ракометна федерација за време на Европското првенство што во Скопје како коорганизатор ќе почне во сабота, ќе им овозможи на гледачите на семафорите во салата да можат да ги гледаат снимките што ќе ги гледаат и судиите во спорните ситуации. Добар чекор за да се приближи ракометот кон гледачите.



Ги паметите оние црни чаршафи под кои се криеја судиите кога гледаа спорни ситуации? Не само што ги нема, туку се што гледаат судиите ќе биде прикажано на семафор (видео-бим) во салата. Но, што точно ќе може да види публиката или во кои ситуации се гледа снимка што ќе ја наречеме ракометен ВАР?

1. Гол - не гол.
Две варијанти. Првата е дали топката ја минала гол линијата со целиот свој обем.
Втората дали топката ја минала гол линија пред истек на времето. 

2. Казни. 
Неспортско, нефер однесување без топка.
Ситуации со топка што се вон видното поле на судиите.
Исклучувања: Дали е исклучен вистинскиот играч, проверка според бројот на дресот.
Проценка дали треба да се додели исклучување или не. 
Конфликт меѓу играчи во кои судиите треба да оценат кого треба да казнат.
Симулирање. Судиите треба да одлучат дали играчот симулира или пак треба да се додели прогресивна казна. 

3. Тајм аут.
Проценка ако се јави спорна ситуација околу тоа кој бил во посед на топка при вклучување на тајм аут. Било тоа да е во случај на електронскиот тајм аут и особено ако тој затаи од кои било причини, тогаш картончето за тајм аут. 

4. Погрешна измена. Ситуација во која записничката маса нема да примети погрешна измена, а ќе биде сугерирано. 

5. Последни 30 секунди.
Ситуација што влијае на конечниот резултат особено кога се решава победник. Сомнеж дали е пенал, исклучување, престап и слични ситуации што влијаат на конечниот резултат. 

6. Останато: Ситуации за кои протестира од една од екипите. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk